Босна и Херцеговина утре ја пречекува Грција во Сараево во квалификациски меч за Евро 2020, но нема да има директен дуел на двајцата соиграчи од Рома, Един Џеко и Костас Манолас, бидејќи Манолас е повреден.
Џеко вели дека не е важно кој ќе биде противникот, но предупреди на трпеливост и внимание.
„Нема лесен натпревар, а кој и да игра за Грција утре нема да биде лесно за нас. На крајот, најважно е да сме здрави и подготвени и да го дадеме максимумот. Дали се слушнав со Манолас? Тој велеше дека може да игра, но не дојде тука. Којзнае, можеби му е страв од мене“, вели Џеко.
Коментарот можеби беше кажан на шега, но во 2017 година, Џеко и Манолас за малку ќе се степаа по мечот меѓу двете репрезентации, кој беше одбележан со доста „лоша крв“.