Top Sport

Џеко не им остана должен на навивачите на „старата дама“

Јувентус го победи Интер со 2:0 во 13. коло од Серија А со головите на Адриен Рабио во 52. и Николо Фаџоли во 82. минута. Дербито на Италија особено беше тешко за напаѓачот на Интер, Един Џеко.

Џеко имаше многу проблеми со директниот чувар Бремер и со навивачите на „страта дама“. Во најголем дел од натпреварот добиваше навреди од трибините.

„Циган, циган“, викаа дел од навивачите, поради што Јувентус ќе биде казнет.

На социјалните мрежи кружи видео каде се слуша, а Џеко не им останал должен. На едно видео се гледа како Џеко се врти кон нив и се фаќа за меѓуножјето, што дополнително ги налути домашните навивачи.

Scroll to Top