Top Sport

Волф: Рикардо преговара со Мерцедес и Ред Бул

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека возачот на Мекларен, Даниел Рикардо е во преговори со неговиот тим и Ред Бул за улогата на резервен возач во Ф1 шампионатот во 2023 година.
Рикардо но нема ангажман за следната година, бидејќи тимот е незадоволен од неговите резултати, поради што не му понуди нов договор на австралискиот возач.

„Мислам дека Даниел разговара со некои други тимови за можна работа, како и со Ред Бул. Што се однесува до нас, тој многу ни се допаѓа, тој е одличен, но сè уште не сме во позиција да одредиме кој ќе биде нашиот трет возач“, рече Волф, за „Скај спорт“.

Откако го напушти Ред Бул во 2018 година, каде што забележа седум од осумте победи во кариерата, Рикардо не ги оправда очекувањата.

Тој помина две главно неуспешни сезони во Рено пред да се пресели во Мекларен, каде што постојано е во сенка на помладиот колега Ландо Норис. Рикардо забележа една побед за Мекларен минатата година во Италија и тоа беше прва победа за Мекларен од 2012 година.

Со своето однесување и карактер, 33. годишникот е еден од најпопуларните возачи во Формула 1;

На прашањето што може да го донесе Рикардо во Мерцедес, Волф одговори:

„Неговата личност, но и фактот дека е тука долго време. Ги знае сите болиди и тоа може да биде предност. Но, не сега не сакам да шпекулирам”, додаде Волф.

Рикардо неодамна изјави дека не очекува да биде во шампионатот следната сезона, но сака да се врати во конкуренција во 2024 година.

Scroll to Top