Top Sport

Кошаркарска поезија – Стеф Кари ја декласира Атланта

Брилијантниот Стеф Кари и неспортскиот потег на Никола Јокиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Голден стејт Вориорс, се повеќе личат на тимот кој освои три шампионски титули во четири сезони. Вориорс славеа во дуелот со Атланта Хокс 127:123. Пресуди третата четвртина, во која Вориорс постигнаа 41 поен.

Стеф Кари, натпреварот го заврши до 50 поени (9 тројки), 7 скока, 10 асистенции, 3 украдени топки и една блокада. Покрај Кари уште четворица играчи на Вориорс постигнаа двоцифрен број на поени.

Атланта ја предводеа Тре Јанг со 28 и Богдан Богдановиќ со 17 поени.

Далас Маверикс, очекувано триумфираа против Њу Орлеанс Пеликанс 108:92. Лука Дончиќ забележа 25 поени и по пет скока и асистенции. Тим Хардавеј и Џејлен Брансон постигнаа по 17 поени. Њу Орлеанс имаат само една победа по 11 одиграни натпревари.

Дербито на Истокот Њујорк-Филаделфија им припадна на Никс со резултат 103:96. Ива е втора победа на Ниск над Филаделфија од почетокот на сезоната. Без Бен Симонс, Џоел Ембид и Тобајас Херис, Севентисиксерси немаа сили за победа во Медисон Сквер Гарден.

Џулиус Рендел (31 поен, 12 скока) и Ар Џеј Берет (15 поени) го предводеа Њујорк, на споритвната страна Андре Драмонд забележа 14 поени и 25 скокови.

Резултати:

Чикаго-Бруклин 118:95
Мемфис-Минесота 125:118
Сакраменто-Финикс 104:109
ЛА Лејкерс-Шарлот 126:123

Scroll to Top