Един Џеко, го постигна првиот гол против Милан, во полуфиналето во Лигата на шампионите и со тоа се запиша во историјата на најценетото клупско натпреварување во светот.
Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, стана вториот највозрасен играч по Рајан Гигс кој успеал да постигне гол во полуфинален натпревар. Џекот тоа го направи на возраст од 37 години и 54 дена, додека рекордерот Гигс постигнал гол на возраст од 37 години и 148 дена.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед го направи тоа во април 2011 година во победата од 2:0 против Шалке. На трето место е Филип Коку (34 години и 187 дена), а зад него е Чаби Алонсо (34 години и 160 дена).
Џеко се израмни со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ на петтото место меѓу најстарите стрелци воопшто во историјата на Лигата на шампионите. Пред него се: Франческо Тоти (38 години и 59 дена), Рајан Гигс (37 години и 289 дена), Филипо Инзаги (37 години и 86 дена) и Хавиер Занети (37 години и 71 ден).
Џеко исто така стана 11. играч кој постигнал голови за две различни екипи во полуфиналето.
До вакво остварување стигнале: Андриј Шевченко, Филип Коку, Роналдо, Левандовски, Мориентес, Дитер Милер, Парк Џи Сунг, Савиќевиќ, Фернандо Торес и Зидан.