Top Sport

Џеко спречи сензација – Интер со пресврт ја победи Венеција

Фудбалерите на Интер со тешка мака славеа победа во дуелот со Венеција. Актуелните шампиони, со пресврт и гол во 90.минута славеа над аутсајдерот.

Венција во Милано допатува без осум играчи од стартната постава, сепак храбро му се спротивстави на фаворитот. Томас Анри во 19.минута го шокираше Интер.

Фудбалерите на Интер се мачеа во првиот дел, но сепак израмнија со голот на Барела во 40.минута.

Интер не блескаше ниту во второто полувреме, но една шанса им беше доволна за конечен триумф. Џеко во 90.минута го постигна голот за победа.

Интер со оваа победа ја врати предноста од пет бода во однос на Милан.

Scroll to Top