Top Sport

Саутмептон ја прекинаа победничката серија на Манчестер сити

Серијата од 12 победи во Премиер лигата, во која беа фудбалерите на Манчестер сити е прекината на „Сент Мери“ стадионот во Саутемптон. „Светците“, успеаја да останат непоразени, одиграа 1:1 против актуелните шампиони.

Саутмептон одиграа добро прво полувреме. Првата вистинска акција, во седмата минута со прекрасен удар во гол ја претвори десниот бек Вокер-Питерс. Сити во првиот дел имаше две шанси, преку Стерлинг во 35. и 39.минута. Во двете ситуации се истакна голманот Фостер.

Голманот на Саутепмтптон беше во главна улога и во 48.минута кога го одбрани ударот на Родри. Саутепмтон можеше да ја зголеми предноста во 54. и потоа во 55.минута, меѓутоа ударите на Бендарек и Броја беа непрецизни.

Фостер повторно се истакна при одбидот на Фоден во 58.минута.

Голманот на Саутемптн капитулираше во 65.минута, кога не можеше да го одбрани ударот на лапорт.

Сити на врвот сега има 56 бода и натпревар повеќе од Ливерпул кој е на 45 поен, Челси со натпревар повеќе од Сити и два од Ливерпул има 44 бода.

Scroll to Top