Top Sport

Пред 20 години Хакинен го „збудале“ Шумахер со најдоброто претекнување во историјата

Пред Белгиското ГП овој викенд на легендарната патека Спа-Франкоршамп, Ф1 се потсети на најлегендарното претекнување во историјата на спортот, кога Мика Хакинен, тогаш во Мекларен го „збудале“ Михаел Шумахер на белгиската трка во 2000.

Во ера во која болидите на Мекларен и на Ферари беа фаворити за победа на секоја трка, двајцата шампиони честопати имаа легендарни битки, и пред лудото претекнување на Хакинен во кое Рикардо Зонта седеше збунет во болидот во средина, Хакинен тврдеше дека Шумахер сакал да го истера во тревата.

„По трката му кажав: ’Не можеш да истуркаш некого на тревата при 300 км/ч. Тоа е работа за живот и смрт, биди умен’. Тој само ја накриви главата и ми кажа: ’Што направив погрешно?’.  Не се извини, не кажа дека бил агресивен, бидејќи тоа беше само неговиот стил на возење. Не ми честиташе по трката. Знаеше дека имаме тесна битка“, изјави Хакинен.

Подолу можете да го видите претекнувањето во првото видео, а во второто ја има цела битка од кокпитот на Хакинен.

Scroll to Top