Италијанскиот фудбалски клуб Џенова го назначи Давиде Никола за нов тренер. Никола е трет тренер во екипата од почетокот на сезоната.
Сезпната ја започна Аурелио Адреацоли кој беше наследен од Тијаго Мота. Поранешниот италијански репрезентативец на „Мараси“ се задржа нешто повеќе од два месеци. Челниците на Џенова потпишале договор со Никола до крајот на сезоната.
Основна задача на новиот тренер ќе биде да го спаси клубот од преселба во понизок ранг. Доколку ја исполни оваа задача тогаш тој ќе добие нов едно годишен договор.
Екипата чии дрес го носи Горан Пандев се наоѓа на последното место на табелата со само 11 поени.