Top Sport

Џенова му нуди договор до 2022. – се чека одлуката на „Гранде“ Пандев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација – Горан Пандев (37) на ЕУРО 2020 ја заврши репрезентативната кариера.

Тој во неколку наврати нагласи дека најпрво ќе се одмори, а потоа ќе ја донесе одлуката дали ќе ги „закачи копачките“ и ќе заврши со професионалниот фудбал.

Во меѓувреме, италијанските медиуми пишуваат дека Џенова му нуди нов договор на Македонецот со важност до 2022 година. Неговиот актуелен договор со клубот од југот на Италија истекува на 30. овој месец.

Тренерот на клубот, Давиде Балардини инсистира Пандев да ја продолжи кариерата, но одлуката ќе ја донесе струмичанецот штом спаднат впечатоците од ЕП.

Минатата сезона Горан Пандев постигна 7 гола на 29 натпревари за Џенова – тимот во кој настапува од 2015 година и за кој вкупно има постигнато 28 гола на 156 меча.

Scroll to Top