Top Sport

Фински навивачи заразени со коронавирус – земјата стравува

Фудбалската репрезентација на Финска која беше дебитант на ЕУРО 2020 ги заврши натпреварите на првенството по групната фаза. Она што повеќе ги загрижува властите во Финска е новиот бран ка коронавирусот кој го рашириле навивачите кои ги бодреле своите миленици на трите натревари во групата Б.

Финскиот Институт за нега и здравје потврдил 80 позитивни случаи на коронавирус кај навивачи кои се вратиле од ЕП.
Околу 3.000 фински фанови беа присутни во Санкт Петербург на мечот на Финска против Белгија.

Од нив околу 800 биле пуштени да се вратат во татковината без притоа да бидат тестирани за опасниот вирус, па од Институтот стравуваат дека и меѓу нив има инфицирани, па заразата може да се зголеми во земјата.

Властите сега бараат луѓето нередните денови да избегнуваат контакти со сите оние кои патувале низ европските земји и ги следеле во живот фудбалските мечеви на националниот тим.

Scroll to Top