Легендата на англискиот фудбал Стивен Џерард би можел да стане нов селектор на Англија, пренесуваат медиумите на Островот. Тој е фаворит за наследник на Герет Саутгејт, кој размислува дали да замине од функцијата по елиминацијата на гордиот Албион од Светското првенство во Катар.
Саутгејт има договор кој го обврзува до крајот на 2024 година и пред него е уште еден циклус за ЕВРО 2024. Но, постои можност самиот да замине.
Покрај Џерард, како можни наследници на Саутгејт се споменуваат и Маурисио Почетино и Томас Тухел.