Top Sport

Џерард: Меси не треба да ја добие Златната топка

Стивен Џерард тренерот на Глазгов Ренџерс смета дека Лионел Меси не треба да ја добие Златната топка. Престижната награда ќе биде доделена утре, а покрај Меси во конкуренција се Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џерард, смета дека наградата треба да му припадне на Ван Дајк.

„Јас сум фан на Меси, го сакам како играч. Има неверојатни бројки во играта, мислам на головите и асистенциите. Меѓутоа кога зборувате за константноста на еден играч во текот на сезоната кој ја освои Лигата на шампионите со беспрекорна игра, тогаш Ван Дајк заслужи да биде пред Меси“, рекол Џерард.

Минатата недела шпанските медиуми објавија дека Меси ќе ја добие наградата.

Scroll to Top