Top Sport

Џерард: Мораме да го почитуваме Шкупи, тие заслужија да се тука

Менаџерот на Глазгов Ренџерс, поранешниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека завршил со давањето на тимски говор пред квалификацискиот меч од Лигата на Европа против македонскиот клуб Шкупи.

Ренџерс минатата сезона неславно загубија во првото коло од Прогрес Нидеркорн, тим од Луксембург и Џерард вели дека мотивацијата да се „поправат“ работите ќе биде доволна за поминување. Доколку го минат Шкупи, следен противник би бил Петроклуб од Молдавија или хрватскиот Осиек.

„Пораката е да се фокусираме на првиот натпревар, но мислам дека нема да биде тешко да ги мотивирам поради тоа што се случи лани. Тогаш ги потценија противниците, така што мојот говор за кревање на мотивацијата веќе е завршен. Мораме да останеме фокусирани и да го почитуваме противникот бидејќи тој заслужил да биде тука. Ренџерс се голема ждрепка за сите клубови, и како што тие не почитуваат, мораме и ние да го направиме тоа“, вели Џерард во Шпанија, каде што е на подготовки со дел од фудбалерите на Ренџерс.

Европски меч на „Ајброкс“ е привлечен за Џерард.

„Сакаме да играме во Европа и заслужуваме да бидеме во европските купови. Но, прво мораме да се квалификуваме. Сите нови играчи сакаат да играат во Европа, а фановите сакаат големи мечеви на ’Ајброкс’“, додава Џерард.

Scroll to Top