Top Sport

Шпанија со минимална победа, Иран со поништен гол! (видео)

Шпанија неочекувано се мачеше против солидната иранска репрезентација и стигна до 1:0 победа со која се блиску до пласман во осминафиналето на Мундијалот, иако тимот на Карлос Кеирош ќе жали за поништениот гол со кој тие ќе беа блиску до пласман понатаму.

Со овој резултат, Шпанија и Португалија имаат по четири поени во групата Б, Иран има три поени, додека Мароко веќе се елиминирани со два порази. Во последното коло, Шпанците играат со Мароко, додека Португалија ќе мора да биде внимателна против Иран, во дуел на Кеирош со своите сонародници.

Иран го започна добро мечот, но потоа преживеа вистинска опсада на голот во првото полувреме. Силва во 25. минута имаше одличен обид од слободен удар, но топката од живиот ѕид оди во рацете на голманот Беираванд.

Во 30-тата минута, Диего Коста ја внесува топката во шестнаесетникот, но ударот на Силва е високо на голот, за во последните десетина минути Шпанците на „притиснат“ и повторно Силва беше во добра позиција.

Во 49. минута, Иско имаше фантастичен продор по левата страна, за по мешаницата топката пак да дојде до него и напаѓачот на Реал со силен удар го наоѓа само иранскиот голман. Притисокот го направи своето во 54. минута, кога во една на прв поглед наивна ситуација, Давид Силва го наоѓа Коста, кој се обидува од свртување – топката удира во нозете на Реазеиан, па повторно во коленото на Коста и во голот.

Само десет минути подоцна, Иран постигнува гол преку Езатолахи по слободен удар, но уругвајскиот судија Куња се консултира со ВАР и исправно го поништува голот поради офсајд позиција.

Иранците, кои играа далеку подобро од првиот меч кога ги победија Мароканците, не се откажуваа од позитивен резултат. Во 75. минута, Алиреза уфрла одлична топка на втората статива, каде што Амири за малку е преспор. Замената Џаханбакш даде одлична топка до Тарими во 82. минута, но тој промашува во обидот со глава.

Фото: ЕПА

Scroll to Top