Top Sport

Џерард преговара да стане селектор на Полска

Легендата на Ливерпул и поранешен менаџер на Астон вила, е фаворит да стане селектор на полскаата репрезентација, тврдат полските медиуми.

Полска го отпушти Чеслав Михњевич по 3:1 поразот од Франција во осминафиналето на Светското првенство, и полските фанови не беа задоволни од играта, откако постигнаа само три гола иако во нападот го имаа Роберт Левандовски. Друг сериозен кандидат за позицијата е Французинот Ерв Ренар, кој беше селектор на Саудиска Арабија на Мундијалот во Катар.

Ако Џерард ја прифати работата тој повторно ќе работи со ѕвездата на Вила, Мети Кеш, кој дебитираше за Полска во 2021 година откако побара полски пасош поради неговата мајка.

Scroll to Top