Top Sport

Реал го „освои“ Белград – Звезда капитулираше во последната четвртина

Реал Мадрид се искачи на првото место во кошаркарската Евролига со 12-6 скор, откако го искористи падот на концентрацијата кај Црвена звезда за на крајот да стигне до убедлива 79:59 (25:16, 13:18, 19:17, 22:8) гостинска победа.

Српскиот шампион, и покрај отсуството на повеќе клучни кошаркари, имаше водство во средината на третата четвртина, но не успеа да направи изненадување, откако Реал доминираше во финишот на мечот, правејќи 22:2 серија со која го „скрши“ домашниот тим. Звезда сега има 9-9 скор во европската елита. Звезда не можеше да смета на поранешниот член на „кралевитее“, Факундо Кампацо, а исто така беа отсустни и Лука Вилдоса и Никола Ивановиќ

Валтер Таварес беше нерешлива енигма за Звезда, со 17 поени и 12 скока, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени и 6 скока.

Scroll to Top