Top Sport

Влхова и Шифрин за титулата во велеслалом ќе се борат во последната трка! (видео)

Обидот на Микаела Шифрин по доминацијата во слалом да ја освои и велеслаломската титула од Светскиот куп ќе мора да почека уште една трка, откако нејзината најсериозна ривалка оваа сезона, словачката скијачка Петра Влхова ја намали разликата со победа во Сплиндерув Млив во Чешката Република.

Трката во Андора следниот викенд ќе биде совршен финиш на епската борба меѓу двете млади скијачки.

Влхова беше најбрза во првото утринско возење, а Шифрин само четврта, но Словачката ги заддржа нервите и стигна до победа со комбинирано време од 2:24.69, за само 0.11 пред Германката Викторија Ребензбург, додека Шифрин, која веќе ја обезбеди титулата во генерален пласман од СК на третото место со 0.60 секунди послабо време.

Шифрин останува лидер во велеслалом со 515 поени, но 418-те поени на Влхова значат дека таа останува со надеж за трофеј доколку победи во Андора, а Американката биде надвор од топ 15.

Шифрин по третпат едноподруго стана шампионка од СК кога трката во супер-џи во Сочи беше откажана минатиот викенд поради премногу снег.

Scroll to Top