Top Sport

Џермејн Дефо со сообраќајка, за среќа не е повреден

Напаѓачот на Глазгов Ренџерс, Џермејн Дефо во саботата навечер бил вклучен во сообраќајна несреќа во центарот на шкотскиот град, по што се јави на социјалните мрежи да објасни дека не е повреден, туку само „шокиран“.

Преку Инстаграм, Дефо се заблагодари на фановите за нивната грижа и објасни дека не е физички повреден.

„Добар сум, одам дома на одмор. Уште сум шокиран, но добар сум“, вели Дефо.

Пред сообраќајката, Дефо го постигна петтиот гол при 5:0 победата над Абердин, откако влезе како замена во игра во второто полувреме. Дефо уште е фудбалер на Бурнемаут, а во Глазгов игра како позајмен фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jermain Defoe OBE (@iamjermaindefoe) on

Scroll to Top