Top Sport

Нејмар за навивачите на ПСЖ: Исто како со жените, понекогаш се расправате

Навивачите на Пари Сен-Жермен немаат намера да му простат на Нејмар за летото во кое главна вест беше неговата желба да се врати во тимот на Барселона, но Бразилецот вели дека нема проблем со тоа, споредувајќи ја ситуација со врска со жена, во која мора да има конфликти.

Откако го пропушти стартот на сезоната поради повреда, Нејмар постигна три гола за три победи од 1:0 со еден пораз од Ремс оваа недела. Во саботата, тој погоди за триумф над Бордо и по крајот на мечот изјави дека нема ништо чудно во расправиите.

„Исто како со жените. Понекогаш се расправате и не зборувате еден со друг. Но, со љубов и посветеност, може да се врати на нормала. Тука сум да помогнам на ПСЖ и ќе го дадам животот на теренот“, изјави Нејмар по мечот.

Тој нема да биде достапен за уште еден меч од ЛШ, во кој ќе ја отслужи казната од УЕФА за навредување на федерацијата по коменетарите за судењето по поразот од Манчестер јунајтед минатата сезона.

Нејмар повторно им донесе победа на ПСЖ (Видео)

Scroll to Top