Малиот остров во Ла Манш, Џерси не успеа да стане член на УЕФА, откако апликацијата беше одбиена од Конгресот на европската куќа на фудбалот.
49 од 55 делегати на Конгресот во Братислава, Словачка, покажаа симболични црвени картони кога дојде време да се гласа за членство на Џерси.
„Џерси не е примен во УЕФА. Подготвени сме да го модернизираме фудбалот, но не сме над нашите статути“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
Џерси, остров од 117 квадратни километри северно од Нормандија е територија зависна од британската круна, но е надвор од Обединетото Кралство и од Европската Унија.
BREAKING NEWS| #UEFA Reject @JerseyFA application for membership but UEFA President Aleksander Čeferin has agreed to meet Jersey FA President Phil Austin MBE.
Read full statement here: https://t.co/Tb38XEEgKJ pic.twitter.com/ZWTxvkeXzf
— Jersey FA (@JerseyFA) February 26, 2018