Некогашниот италијански фудбалски репрезентативец, Алберто Џилардино започна тренерска кариера, го презема четвртолигашот Рецато.
Екс-фудбалерот до скоро беше помошник тренер во клубот кој моментно е петти во Б група во Серија Д, но по отказот на главниот тренер, Џилардино застана на кормилото на клубот.
Екс-напаѓачот на Парма и Милан ќе се обиде да го направи најголемиот успех во историјата на клубот.
Џилардино има и светска титула, со Италија од 2006 година од Мундијалот во Германија, а минатиот септември за заврши фудбалската кариер во тимот на Специја.
Играше уште и за Пескара, Емполи, Палермо, Фиорентина, Болоња, Џенова, Верона и Пјаченца.