Top Sport

Џилји: Роналдо избега за да се слика покрај базенот

Поранешниот претседател на Јувентус, Џовани Коболи Џилји е незадоволен од однесувањето на Кристијано Роналдо, откако португалската ѕвезда го „прекрши“ карантинот во Јувентус и се врати дома за да се „слика покрај базенот“ додека Италија страда од корона вирусот.

Роналдо се врати на Мадеира на почетокот на март откако неговата мајка доживеа мозочен удар и остана таму по раширувањето на корона вирусот во Европа. Бидејќи Серија А е суспендирана во моментов, Роналдо останува во неговата луксузна вила и редовно ги известува своите следбеници на социјалните мрежи за тоа како му поминува денот.

Оваа недела тој постираше фотографија на која е во вежбална со членовите на неговото семејство и Џилји смета дека ова е невкусно.

„Работите во Јувентус се искомпликуваа по заминувањето на Кристијано Роналдо. Тој рече дека оди во Португалија поради неговата мајка, но сега само се фотографира покрај базенот. Со овој исклучок и другите сакаа да си одат. Тоа не смееше да се дозволи. Критикувањето сега е лесно, но не сфаќам зошто некој би сакал да си замине од Италија. Кога ќе се вратат ќе биде тешко да се вратат во форма бидејќи ќе мораат 14 дена во карантин“, вели Џилји.

Минатата недела Гонзало Игуаин, Миралем Пјаниќ, Сами Кедира, Даглас Коста и Родриго Бентанкур исто така си заминаа од Италија.

Scroll to Top