Top Sport

Џирона повторно ќе игра во Примера

Фудбалерите на Џирона се вратија во Примера, каде последен пат се натпреваруваа во сезоната 2018/2019. Џирона во реваншот од финалето на плејофот на гости го совлада Тенерифе со 3:1. На првиот натпревар немаше голови.

Тимот од Каталонија поведе во финишот на првото полувреме со голот на искусниот уругвајски напаѓач Кристијано Стуани.

Домашните израмнија во 59. минута преку Карлос Руиз, но набрзо Хозе Леон погоди за нова предност на Џирона. Точка на натпреварот стави 19-годишниот дефанзивец на Арнау Мартинез во 80.минута.

Каталонскиот тим едвај влезе во плеј-офот, од шестата позиција со 68 бодови, колку што имаше и Реал Овиедо, додека нивниот ривал беше петти. Џирона, предводена Мичел, во полуфиналето го елиминира Еибар (0:1, 2:0).

Директен пласман во Ла Лига претходно обезбедија Алмерија и Ваљадолид.

Scroll to Top