Top Sport

Франција ќе ја одбрани титулата на СП во Катар

Супер компјутерот „Аналиста“ кој се занимава со спортски анализи предвиде дека француската фудбалска репрезентација ќе ја одбрани титулата на Светското првенство во Катар, кое ќе се игра на крајот на годината.

Светското првенство во Катар ќе биде единствено по многу нешта. Првпат ќе се игра во зима, а на сите натпревари првпат ќе биде домаќин еден град, Доха.

Супер компјутерот на излезе со предвидувања за целиот турнир. Во анализата бил користен алгоритам кој илјада пати ја симулирал конкуренцијата и пресметал дека Франција е најголемиот фаворит за освојување на светската титула.

Тоа би значело дека Франција ќе стане само третата репрезентација (Италија во 1934 и 1938 година и Бразил во 1958 и 1962 година) која успеала да ја одбрани светската круна бидејќи во финалето во Русија ја победи Хрватска (4:2). Бразил е втор фаворит, а Шпанија трет.

Погледнете ја комплетната листа.

Scroll to Top