Top Sport

Џо Брајан ги однесе Фулам во Премиер лигата со два гола во продолженијата

Фулам им се приклучи на Лидс јунајтед и Вест Бромвич Албион во премиерлигашкото „друштво“ следната сезона, откако со двата гола на Џо Брајан во продолженијата стигнаа до тешко извојувана 2:1 победа над Брентфорд на „Вембли“.

Мечот кој носи огромна финансиска награда за победникот и членство во најбогатата фудбалска лига на светот, не беше одлучен во првите 90 минути, откако мируваа мрежите на двете страни. Фулам беше четврт во Чемпионшип, додека Брентфорд го имаа освоено третото место.

 

Клучниот момент се случи во 105. минута, кога Џо Брајан се местеше за слободен удар од огромна далечина, и кога сите (вклучувајќи го и шпанскиот голман на Брентфорд, Давид Раја) очекуваа нафрлање, тој ја смести топката во мрежата. Соништата на Брентфорд за пресврт беа уништени во 117. минута, кога дефанзивецот Брајан го постигна својот втор гол по убава акција на Фулам. Брентфорд во 124. минута од мечот, успеаја да намалат на 2:1 преку Хенрик Далсгард намалија на 1:2, но веќе беше предоцна.

Scroll to Top