Top Sport

„Џокерот“ Жота не дозволи изненадување на Енфилд

Ливерпул го победи Вест Хем со 2.1 (1:1) во седмото коло, во Премиер лигата. Црвените, сега се лидери на табелата, имаат 16 бода и натпревар повеќе од Евертон.

Екипата на Јирген Клоп и на овој меч не блескаше, но успеа да ја оствари целта. Човекот на одлука беше резервниот играч Диого Жота. Португалецот за кого Ливерпул плати 40.000.000 евра, во 86 минута го постигна голот за победа. Неколку минути претходно, поради офсајд на истиот играч му беше поништен гол.

Инаку, Вест Хем први постигнаа гол, преку Пабло Форналс во 10 минута, а Ливерпул израмни од пенал, во 41 минута стрелец беше Салах.

Scroll to Top