Top Sport

Хрватската врска го спаси Интер од пораз

Фудбалерите на Интер се спасија од пораз против Парма во шестото коло, во Серија А. Бод за Интер спаси Иван Перишиќ во 92 минута, откако претходно Парма имаше предност од 0:2.

Интер има проблем со ефиксноста оваа сезона и тоа фудбалерите на Антонио Конте го потврдија и на овој натпревар. Доминираа во првиот дел, не ги искористија шансите, па на полувреме немаше голови.

Парма го казни домаќинот веднаш на стартот од второто полувреме. Од првиот удар кон Хандановиќ, ветеранот Жервињо постигна гол. Истиот играч, 15 минути подоцна рутински ја реализираше мајсторската систенција на Инглесе.

Три минути подоцна Интер во натпреварот го врати Марцело Брозовиќ.

До крајот на мечот Интер напаѓаше кон голот на Сепи, но без некоја конкретна шанса. Во 92 минута Коларов нафрли на првата статива, а Перишиќ ја спроведе топката во голот.

Интер по шест одиграни натпревари има 11 бодови, додека Парма освои пет бода.

Scroll to Top