Top Sport

Џорди Алба одбил да се пресели во Интер

Барселона и Интер синоќа постигнале договор за позајмица на Џорди Алба, меѓутоа левиот бек одбил да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Неочекувано Џорди Алба стана вишок во Барселона. Тренерот Чави не е задоволен од неговата форма, поради што левиот бек им бил понудан на неколку клубови.

Интер се согласил да го донесе Алба на позајмица и да покрие 40% од неговата плата.

Каталонски Спорт денеска објави дека Алба утрово им кажал на челниците на Барселона дека нема да го напушти клубот и дека не сака да оди на позајмица во Интер.

Целта на Алба е да остане во Барселона и дека клубот ќе го напушти по завршувањето на сезоната.

Тој е еден од најплатените играчи во тимот и јасно е зошто Барселона се обиде да се ослободи од него, но не успеа.

Иако веќе десет години е стандарден член на стартната постава, Алба го загуби местото оваа сезона, а сега Балде е тој што го зацементира своето место во тимот.

Се очекува и Маркос Алонсо да потпише за каталонскиот клуб до крајот на денот, со што значително ќе се зголеми конкуренцијата на позицијата лев бек.

Алба има договор со Барселона до летото 2024 година. Тој дојде во клубот во 2012 година од Валенсија за 12 милиони евра.

Scroll to Top