Top Sport

Алонсо: Кога нешто ќе кажете за Британец медиумите веднаш се вклучуваат

Фернандо Алонсо го нарече Луис Хамилтон „идиот“ за време на Големата награда на Белгија, а инцидентот на патеката по кој Британецот ја призна вината, предизвика големо медиумско внимание. Шпанецот не е задоволен од реакцијата на медиумите.

Алонсо се извини што го нарече Хамилтон „идиот кој знае да вози само кога е во водство“. По инцидентот Алонсо ја продолжи трката додека Хамилтон мораше да се откаже.

На крајот Хамилтон се извини за невниманието, а Алонсо за зборовите кои ги испрати преку тимското радио.

„Моите коментари предизвикаа големо внимание, поради тоа што тоа е Луис, легенда и шампион на нашето време и кога ќе кажете нешто, извинете што го повторувам ова, за британскиот возач веднаш се вклучуваат медиумите. Многу работи се кажани за Перез, Саинц, мене… кога ќе му кажеш нешто на латино возач, на тоа се гледа како на некој вид на забава. Кога ќе им кажеш нешто на другите, тоа е посериозно“, изјави Фернандо Алонсо пред трката за Големата награда на Холандија.

„Секако дека се извинив, не размислувам што кажав во тој момент. Мислам дека нема многу вина бидејќи во тој момент, инцидент во првиот круг, сите бевме блиску. Во тој момент бев под адреналин, конечно се борев за позициите на врвот и тоа ме натера да го кажам тоа. Тоа беше тркачки инцидент според мене. Кога кажувате нешто на радио, во моментот мислите дека разговарате само со вашите луѓе од тимот“, вели Алонсо.

Scroll to Top