Top Sport

Него не го „пипај“! Џоел Глејзер не му дава на Солскјер да го продаде Марсијал

Антони Марсијал е еден од ретките фудбалери на Манчестер јунајтед кој е „сигурен“ на „Олд Трафорд“, само бидејќи е миленик на сопственикот Џоел Глејзер, јавува „ЕСПН“.

Прво Жозе Мурињо, а сега и Оле Гунар Солскјер имаат сомнежи во работната етика на 23-годишниот Французин, поради лежерниот однос на тренинзите и натпреварите, но ко-сопственикот Глејзер е јасен: Тој останува.

Марсијал потпиша нов долгогодишен договор во јануари и покрај тоа што има само 2 гола во 13 настапи, откако пред договорот имаше 9 гола во 18 меча. Тој не беше во составот на Солскјер за последниот меч од сезоната против Кардиф и покрај тоа што во аут беа Алексис Санчез и Ромелу Лукаку – Норвежанецот му даде шанса на 17-годишниот Мејсон Гринвуд.

Според „ЕСПН“, Јунајтед ќе се обидат да се засилат во сите делови на тимот – дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач како први приоритети. Се вели дека е можно Солскјер да добие уште 5 засилувања и поголемиот дел од трансферите ќе се направат пред стартот на пред-сезоната на 1 јули.

Антонио Валенсија и Андер Ерера заминуваат како слободни фудбалери, а неизвесна е иднината на Матео Дармијан, Маркос Рохо, Хуан Мата, Ерик Баји, Лукаку и Санчез. Но, не и на Марсијал.

Scroll to Top