Top Sport

До Роси се сели во Америка

Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле Де Роси, во наредниот период треба да ја официјализира соработката со американскиот клуб Лос Анџелес ФЦ. Овој клуб постои од 2014 година, а од минатата се натпреварува во МЛС лигата ѝ е најголемиот ривал на Лос Анџелес Галакси.

Де Роси две децении беше дел од Рома. Дресот на „волчицата“ го носел на 459 натпревари, на кои постигнал 43 гола.

Кога објави дека ќе ја напушти Рома, Де Риси се поврзуваше со трансфер во Бока Јуниорс, меѓутоа ЕСПН тврди дека тој наскоро ќе стане играч на Лос Анџелес ФЦ.

Оваа екипа во тековната сезона се наоѓа на првото место во Западната конференција.

Scroll to Top