Top Sport

Давид Хосе Писонеро е нов тренер на Вардар

Давид Хосе Писонеро (46) ќе го наследи сонародникот Гарсија Парондо на клупата на европскиот шампион Вардар, објави клубот на својата интернет страница. Писонеро во изминатите две сезони бил предводник на Валјадолид.

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Писонеро.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, каде работел во последниве две сезони. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Валјадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолис, и неколкупати бил вице-првак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освоил клупскиот светски куп во 1997.

Кариерата, поради повреда, ја завршил на 30 годишна возраст, во мај 2003 година.

Scroll to Top