Top Sport

Не помогна ниту Жорге Жесус – големата Бенфика падна на „Тумба“ во Солун

ПАОК успеа да направи вистински подвиг и да ја елиминира Бенфика во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, стигнувајќи на „Тумба“ до импресивна 2:1 победа над тимот од кој се очекуваше многу по засилувањата и пристигнувањето на Жорге Жесус на клупата.

Димитрис Јанулис во 63. минута го донесе грчкиот вицешампион во водство, пред да им „пресуди“ токму поранешниот фудбалер на Бенфика, Србинот Андрија Живковиќ в0 75. минута, Живковиќ потпиша за ПАОК како слободен фудбалер! Рафа Силва во 94. минута успеа да намали на 2:1, но беше предоцна за подвиг.

Следни за ПАОК се рускиот Краснодар во плејофот за влез во натпреварите по групи.

Scroll to Top