Левиот бек на Реал Мадрид Марсело нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ барем додека тренер е Зинедин Зидан.
Марсело од минатото лето медиумите го селат во Јувентус, а наводно заговорник на трансферот бил неговиот добар пријател Кристијано Роналдо.
„Додека е Зидан во клубот Марселона нема да замине“, пишува „АС“ повикувајќи се на свои извори.
Марсело е во Реал од 2006 година. До минатата сезона тој беше незаменлив во првиот тим. Оваа сезона има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања.
Актуелниот договор на што го има Бразиелцот со Реал истекува во 2022 година.