Кристијано Роналдо не откри дали го гледал вчерашното „газење“ на неговиот стар ривал Лео Меси и Барселона со 8:2 од Баерн Минхен, но остана во добро расположение откако го продолжи одморот на новата јахта со видео од нуркање.
„Денеска се разбудив и си помислив: Што се случува со морето? Викајте ме Нептун“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Очигледно фудбалските проблеми се во втор план за Португалецот, по елиминацијата на неговиот Јувентус и промената на тренерот.