Лионел Меси блеска во дресот на Барселона, а неговиот брат Матијас, не престанува со проблематичното однесување. Матијас Меси во декември доби казна куќен притвор, а поради најновата глупост, во неделата, завршил зад решетки.
Слично како и во декември и овој пат Матијас бил уапсен поради нелегално поседување на оружје. Покрај тоа тој му се заканувал со пиштолот на човек се кого започнал расправија на улица.
Според се уште непотврдените информации тој потоа го удрил човекот, а додека полицијата пристигнала на местото оружјето исчезнало. Пиштолот не бил пронајден ниту по деталниот претрес на автомобилот кој го возел братот на Меси.
Матијас бил уапсен и префрлен до затворот во Пинимар. Тој треба да биде изведен пред истражен судија и се очекува да биде пуште со кауција да се брани од слобода.
Интересно во некаде во исто време кога Матијас е уапсен во Аргентина, Меси ја предводеше Барселона до победата над Атлетико Мадрид.