Top Sport

Нема лек за повредата на Умтити

Самуел Умтити пред две години стана светски првак со Франција и оттогаш неговата кариера оди по надолна линија. Честити повреди на коленото го донесоа фудбалерот за кого се предвидуваше дека во наредните години ќе биде командант на одбраната на Барселона. Познатиот доктор Рамон Кугат не ја исклучува можноста Умтити да ја заврши кариерата в наредните години.

Лекарскиот тим на Барселона пред Мундијалот во Русија го советувал Умтити да го оперира повреденото колено. Тој не сакајќи да го пропушти светското првенство решил да ризикува, ја одложил операцијата, а натпреварите во Русија ги играл под инјекции.

Таквата негова одлука само ја влошила состојбата и оттогаш зачестија повредите на коленото.

Рамон Кугат е специјалист за најтешките повреди на коленото, во кариерата лечел стотици спортисти.

„Ако на овој проблем му пристапиме од научна страна, лек за коленото на Умтити не постои. Тој има остеопороза, состојбата со рскавицата во коленото е влошува. Ние можеме да го излечиме коленото доколку имаме здрав дел од рскавицата, но остеопорозата ја влошува нејзината состојба. Во овој момент за ова не постои терапија, ниту решение“, рекол Кугат.

Scroll to Top