Top Sport

Договорен трансферот на Ериксен

Кристијан Ериксен наскоро ќе го напушти Тотенхем. Италијанските медиуми тврдат дека договорен е неговиот трансфер во Интер.

Данскиот репрезентативец конечно ќе си ја исполни желбата, ќе замине од Тотенхем шест месеци пред истекот на договорот.

Интер за Ериксен понудиле 18 милиони евра, сума која Тотенхем ќе ја прифатат бидејќи в спротивно тој во јуни ќе замине од Лондон како слободен играч.

„Калчомеркато“ тврди дека тој ги договорил личните услови со новиот клуб. Во Интер очекуваат Данецот в четврток да се појави во клубот, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе биде претставен како ново засилување.

Scroll to Top