Top Sport

Договорено: Дембеле во Барселона до 2024 година

Една од најдолгите трансфер-саги заврши со хепиенд за фудбалскиот клуб Барселона. Усман Дембеле ќе потпише нов договор и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година.

Тренерот Чави си ја оствари желбата и успеа да го задржи францускиот напаѓач во тимот. Чави, смета дека кој 25-годишниот фудбалер може да биде еден од лидерите на тимот во наредните сезони.

За да добие нов договор од клубот, Дембеле се согласи неговата плата да биде намалена за 40 отсто.

Дембеле дојде во Барселона во 2017 година од Борусија Дортмунд, во трансфер вреден неверојатни 140.000.000 евра, досега не успеа да ја оправда инвестицијата.

Вкупно за Барселона има одиграно 150 натпревари, постигнал 32 гола.

Scroll to Top