Top Sport

Силвер: Не ми се допаѓа што Дурент побара трансфер

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, најави дека челниците на натпреварувањето наскоро ќе заземат став во врска со се почестите барања на кошаркарите да бидат разменети во други франшизи.

На Силвер особено не му се допадна барањето на Кевин Дурент кој од Бруклин побара трејд, во ситуација кога една од најголемите ѕвезди во НБА, има да одработи уште четири години од договорот со Нетс.

Запрашан што мисли за случајот со Дурент и другите играчи, меѓу кои е и соиграчот на Дурент, Кајри Ирвинг, Силвер јасно ја посочи позицијата на луѓето од раководството на НБА.
„Не сакаме да гледаме играчи кои бараат трансфери. Би сакал нивниот главен фокус да биде на теренот“, изјави Силвер.

Раководните лица во НБА мислат дека играчите се повеќе ја злоупотребуваат ситуацијата и бараат премногу често да се тргуваат со нив.

Затоа на следниот состанок ќе се разговара на таа тема за да се најде адекватно решение кое ќе биде вметнато во колективниот договор.

Scroll to Top