Top Sport

Дојдете во Саудиска Арабија, потпишете договори со лигата и сами изберете си клуб

Саудиска Арабија има намера со големите фудбалски ѕвезди да ја промовира земјата и да ја истакне кандидатурата, заедно со Египет и Грција, за домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Пред еден месец во земјата пристигна Кристијано Роналдо. Португалецот за годишна плата од 200 милиони евра го облече дресот на Ал Наср.

Планот на Суадијците е во лигата да пристигнат и неговите поранешни соиграчи од Реал Мадрид: Серхио Рамос, Карим Бензема и Лука Модриќ.

Шпанските медиуми тврдат дека Саудијците ги контактирале менаџерите на тројцата фудбалери.

Идејата е тие да и се приклучат на Суадиската лига, да потпишат договор со лигата, а кога ќе ги завршат трансферите сами да решат за кој клуб сакаат да играат.

Каталонски „Спорт“, истакнува дека на секој од нив му бил понуден двегодишен договор со неверојатно дарежлива понуда од 30 милиони евра за сезоната. Рамос (ПСЖ), Бензема и Модриќ (двајцата Реал Мадрид) на тој начин би станале еден од најплатените фудбалери во светот, во земја во која новите играчи не мора да плаќаат данок на доход.

Scroll to Top