Top Sport

МВП изведби на Јокиќ и Леброн

Никола Јокиќ и Леброн Џејмс блескаа во победите на Денвер и ЛА Лејкерс, изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер славеа на домашен терен против Њу Орлеанс, додека Лејкерси играа продолженија и победија во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Денвер славеа со 122:113 против Њу Орлеанс. Јокиќ забележа 26 поени, 18 скока и 15 асистенции. Најефикасен кај Нагетс беше Џамал Мареј со 32 поени (седум тројки).

Најкорисниот играч во НБА, во изминатите две сезони, го запиша петтиот трипл-дабл на последните шест натпревар. Јокиќ во кариерата одиграл 92 натпревари на кои имал двоцифрени бројки во три статистички категории.

Лејкерси во Њујорк пбедија со 129:123, во регуларниот дел натпреварот заврши 114:114. Леброн Џејмс го предводеше тимот со 28 поени, 10 скока и 11 асистенции. Поен помалку постигна Ентони Дејвис. Најефикасен играч на натпреварот беше Џејлен Брансон од Њујорк со 37 поени.

Џејмс ја продолжи потерата по рекордот на Карим Абдул-Џабар. Му требаат уште 89 поени за да стане најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата. Со 10. асистенции против Њујорк, Џејмс, се искачи на четвртото место на листата на најдобри асистенти. Тој ги мина Марк Џексон и Стив Неш, сега има 10.338 асистнеции во кариерата.

Scroll to Top