Top Sport

„Дојди да играме еден на еден во 10.000 фунти“

Фудбалерите на Челзи уште еднаш ги разочараа своите навивачи, на „Стемфорд Бриџ“, а загубија од Вулверхемптон (2:4). По натпреварот најмногу критики беа упатени кон Украинецот Михаил Мудик.

Крилниот напаѓач на „сините“ одговори на критиките на еден од навивачите на Челзи одговарајќи на неговите приватни пораки на една од социјалните мрежи

Навивач на лондонскиот тим сподели детали од преписката со ѕвездата на лондонскиот тим.

„Какви глупости се случуваат? Дали заборавивте да играте фудбал? Кога си на теренот, како да сме десетмина. Можеби треба да вежбаж игра еден на еден?“, му напишал на Мудрик незадоволен навивач на Челзи.

„Дојди, да играме еден на еден за 10.000 фунти“, му одговорил Украинецот.

„Подготвен сум да ти платам лично за секој гол. Го поддржувам Челзи и разговарам со играчите за да им помогнам да ги решат нивните проблеми. Дали си сериозен?“, не попушти симпатизерот на клубот од „Стемфорд Бриџ“, кој му порача на Мудрик:

„Те молам да постигнеш гол против Евертон“.

Украинецот дојде во Челзи во јануари минатата година за 70 милиони евра, а оваа сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања на кои забележа четири гола и две асистенции. Мудрик има договор со Челси до јуни 20131 година.

Челзи е само 11. на табелата во Премиер лигата со 31 бод.

Scroll to Top