Top Sport

Реал: Мислите дека сме идиоти, не досудивте три пенали големи како катедрала

Хосе Санчез Мартинез, судијата на дербито од 23. коло на Ла Лига, Реал – Атлетико (1:1), е на удар на навивачите на Реал, но и на тој клуб. ТВ Реал Мадрид по дербито излез со коментар: „Судии, како можете мирно да спиете?!“, со тврдење дека во три ситуации не бил досуден пенал за реал

„Судијата мораше да го досуди првиот кога Саул го собори Лукас Васкез. Очигледен пенал, судијата беше совршено позициониран за тоа, не реагираше, а не доби ниту повик од ВАР собата. Погледнете, падот на Лукас стартот на противникот е очигледен. Срамно е што судиите ги вртат главите во такви очигледни ситуации“.

Телевизијата на Реал понатаму тврди дека два пати не бил досуден пенал врз Џуд Белингам.

„За првиот беше соборен од Стефан Савиќ. Англичанецот беше во трка за додавање кое ќе го оставеше сам пред Облак, но Црногорецот го удри со лакт за да го запре. Нема што да разговараме овде, штета што не беше досуден. Ова е пенал голем како катедрала!“

Конечно, третиот случај го опишува Реал Мадрид ТВ вака: „Белингам одеше на центаршут од корнер, кога Маркос Љоренте го спречи со боречки зафат. Да го наречеш ова „прегратка“ значи дека од луѓето правиш. идиоти, будали, а ние тоа не сме. Џуд избори два пенали, но не доби ниту еден и полека почна да сфаќа каква е Ла Лига“.

Телевизијата на Реал посочува: „На сите наши навивачи им е јасно дека три од четирите градски дербија ги реши трозабецот на Атлетико, судиите Алберола Рохас, Куадра Фернандез и Санчез Мартинез. За разлика од Атлети, Реал не може да си дозволи такви играчи“.

Scroll to Top