Размената што ја договарале Барселона и Јувентус би можела да го обележи претстојниот преоден рок. „Газета дело Спорт“ тврди дека Барселона на Јувентус, во замена за Миралем Пјаниќ, им го понудила Бразилецот Артур.
Според овој извор клубовите биле блиску до постигнување на договор, чекале само Артур да се согласи на преселба во Торино. Можно е покрај Пјаниќ уште еден играч на Јувентус да се пресели на „Ноу Камп“.
Артур пред две години за 31 милиони евра од Гремио пристигна во Барселона. Сезонава одиграл 23 натпревар. „Газета дело Спорт“ пишува дека тој не сакал да ја напушти Барселона. Од друга страна Јувентус добиле дозвола да ги започнат преговорите со него, за да го убедат да го облече дресот на „старата дама“.
Наводно проблем претставува и тоа што за Артур се заинтересирани Интер и ПСЖ. Интер би прифатиле пари и Артур за Лаутаро Мартинез, додека ПСЖ го понудиле Аргентинецот Леандро Паредес.
Пјаниќ пак немал ништо против да се пресели во Барселона, особено што во последните месеци се наоѓа по притисок на навивачите и јавноста поради лошата форма.