Диего Коста, напаѓачот на Атлетико Мадрид, во интервју за ЕСПН се потсетил на случувањата од 2014 година, кога во финишот на сезоната повредата ја лечел кај докторката Маријана Ковачевиќ.
Бразилецот со шпански пасош се кае за тој свој потег. Во интервјуто открил дека бил незадоволен од од она што го видел. Конечниот епилог беше дека Диего Коста во финалето на Лигата на шампионите одигра само десет минути.
По интервјуто на Диего Коста се огласи и докторката Ковачевиќ. Таа за „Вечерње Новости“ го демантираше напаѓачот на Атлетико со остра порака.
„Нема да се расправам со некој кој бара разни причини за својата кариера која не е онаква како што тој би сакал. Нека пишуваат што сакаат, но како јас можам да му бидам виновна на човекот кој од 2014 година не игра добро“.
Диего Коста во 2014 бил на терапија во Белград со коњска плацента и електрошокови