Тотенхем, минатата недела во Саутемптон остана без бодовите (1:0) и загубија на подолг период двајца важни играчи. Хари Кејн ќе иде отсутен најмалку два и пол месеци, уште подолго во тимот ќе го нема Муса Сисоко.
Клубот во средата објави дека францускиот репрезентативец го оперирал десното колено. Неговото враќање го очекуваат на почетокот на април.
Сисоко во досегашниот дел од сезоната пропуштил само еден натпревар во Премиер лигата.