Камерун останува најимпресивната репрезентација на Африканскиот куп на нации досега, откако домаќините ја забележија својата втора победа на континенталниот шампионат, овојпат со убедливи 4:1 над Етиопија.
Аутсајдерите Етиопија дојдоа во изненадувачко водство во четвртата минута преку Дава Хотеса, но Камерунците се вратија и веднаш израмнија, само четири минути подоцна напаѓачот на Лион, Карл Токо Екамби израмни на 1:1. Во второто полувреме, Камерун доминираше – Винсен Абубукар во 53. и 55. минута го комплетираше пресвртот, пред Токо Екамби да го уфрли својот втор гол во 67. минута.
Камерунците сега имаат 6 поени и гарантиран пласман во наредната фаза на АФЦОН во групата А каде што уште се Буркина Фасо и Зеленортските Острови.