Top Sport

Ширер му нудел совети и помош на Рашфорд

Легендарниот поранешен англиски напаѓач Алан Ширер му понудил помош на Маркус Рашфорд во обид да му помогне на фудбалерот на Манчестер јунајтед да излезе од голгетерската криза.

Рашфорд нема постигнато гол во последните 11 меча за „ѓаволите“ и комплетираше само 2 од 10-те мечеви кои ги стартуваше по повредата на рамото во октомври, а однесувањето на 24-годишниот Англичанец на последниот меч против Астон вила предизвика многу коментари за неговата ментална подготвеност.

Според „Сан“, легендата на Њукасл, Ширер, кој беше на „Олд Трафорд“ во понеделникот како коментатор на „Би-би-си“ контактирал со Рашфорд за да му понуди совети како да се справи со притисокот и очекувањата и го убедувал дека „може да надмине било кој проблем“. Според „Сан“, Ширер му кажал на Рашфорд дека секогаш е достапен доколку му е потребен.

Што се случува со Рашфорд? Ниту Рангник не знае

Scroll to Top